Средбата меѓу пакистанскиот амбасадор во САД и двајца претставници на Стејт Департментот на која биле изложените американските желби се случила на 7 март 2022 година.
Еден месец по средбата со американските официјални лица, во Парламентот се одржува гласање за недоверба, што доведе до смена на Кан. Тој и неговите приврзаници се убедени дека гласањето било смислено од САД, со поддршка од моќната пакистанска војска.
Документот до кој дошол американскиот медиум ги открива и морковите и стаповите што Стејт департментот ги употребил за притисок за смена на Кан, ветувајќи потопли односи доколку отстранет и заканувајќи се со изолција на земјата ако не биде (звучи познато?).
Политичката криза во земјата ескалираше годинава на 5 август кога Кан беше осуден на три години затвор под обвинение за корупција и приведен по втор пат од неговото соборување. Казната, меѓу другото, го блокира Кан кој е најпопуларниот пакистански политичар, да се појави на изборите закажани за подоцна оваа година.