Демонстрациите во Балтимор започнуваат заради смртта на Фреди Греј, кој умира на пат до полициската станица. Во верзијата на полицијата, Греј паѓа во кома додека е транспортиран во полициското возило. Итно е пренесен во болница каде утврдуваат дека го повредил рбетниот столб. И покрај операциите, Греј умира на 19-ти април. Сè уште не е познато од што му се повредите.
Во репортажите за патешествијата на мигрантите од Африка и Азија обично се споменува сумa од неколку илјади евра потребни за да се стигне до ЕУ делот од Европа. Во исто време авионска карта во еден правец од Етиопија до Шведска е 400 евра.
Како и секоја недопирлива организација која оддалеку изгледа како да не може да биде сопрена така и терористите оставаат впечаток на моќ и дека имаат контрола на ситуацијата и сопствената судбина. Од внатре е друго.
Вкупниот број на патници на бродот кој се преврте во близина на либиската граница се проценува на меѓу 900 и 950 луѓе. Од нив спасени се 28 луѓе, а на уште 24 им се најдени телата. Овие 28 се спасени од еден португалскиот трговски брод Кралот Јакоб.
Родителите на најмладата жртва на терористичкиот напад на бостонскиот маратон, 8 годишниот Мартин Ричард, неочекувано побараа од обвинителството да се откаже од смртната казна.
Со доаѓањето на Кси Џинпинг и неговата политика на скромност, кинеските богаташи се трудат колку е можно повеќе да бидат неупадливи. Меѓу овие не е милијардерот и колекционер на уметности Лиу Јикуиан.
Без разлика на формата на предизборната кампања, ставките во неа генерално се исти: говори, дебати, гафови, анкети и последователни анализи и критики на истите. Сето ова треба да ги донесе потребните гласови, освен кога не е така.
Градот и артефактите од 13-от век п.н.е. се уништени по основа дека се "навредливи" и "валкани," и самото чистење на овие остатоци ИД го смета како важен дел од својата мисија и постоење. Тие така искрено ја доживуваат навреденоста на артефактите од други религии што и на видеата од уништувањата сите можни некомпатибилни симболи им се цензурирани.
Долниот дом на шпанскиот парламент викендов беше под окупација од 18 илјади демонстранти, кои не излегоа од дома за да протестираат против законот за "граѓанска безбедност". Не е грешка, не излегоа. Сите беа таму како холограм.
Коста Рика успешно ја реализира својата мисија да стане најзелената држава на светот и во досегашниот тек на 2015-та воопшто не користела фосилни горива за производство на енергија.
Група њујоршки уметници доцна во понеделникот вечерта поставија биста од Едвард Сноуден во парк во Бруклин. Група њујоршки градски работници до пладне ја демонтираа бистата.
Како тинејџер Кси Џинпинг го испраќаат да работи на фарма; таму тој е толку нежен што другите работници му даваат оценка 6 од можни десет, "што не е ни на ниво на жените," пишува Њујоркер во профилот за кинескиот лидер.
Во една од првите сцени во репортажата руски бунтовник истрелува еден куршум од Клашников во метална плоча од панцир на украински војник. Го пробива како да е алуминиумска фолија.
Пред 13 години американските разузнавачки служби изработуваат таен документ од 93-страници кој се користи за оправдување на инвазијата на Ирак на која и недостасуваа "специфични информации" за "многу клучни аспекти" на програмата на Садам за оружје за масовно уништување. ЦИА го декласификуваше документот.
Нетанјаху ја нуди опцијата и Палестинците да имаат држава. На анкети губи дебело. Два дена пред избори врти лист и вика: "Нема за нив држава дур сум јас премиер". Добива избори! На првото интервју по изборите го враќа листот назад.
Неофицијалниот назив е "чеченско судење" и во него руските обвинители изненадувачки лесно можат да ја постават следната логиката: во која било руска политичка криза, идентификувај го инцидентот, изолирај го инцидентот, и обвини ги Чечените.
По четири часовно приватно интервју со соборениот и пребегнат украински претседател Виктор Јанукович, на американскиот режисер му станало јасно дека кризата во Украина има отпечатоци на ЦИА и УСАИД.
Чавез му помага на Иран да се поврзе со клучни луѓе од Аргентина, кои во замена за (многу) пари треба да им решат некои глобални проблеми на властите во Техеран, тврдат во интервју за бразилскиот магазин Вежа тројца поранешни функционери од Венецуела.
Моментално ИД се обидува да го одбрани Тикрит и да ја спречи ирачката армија и паравоените милиции поддржани од Иран да го освојат градот. Меѓу ослободителите е и еден универзитетски предавач со секира.
Во 15-те години владеење се нема случено Путин повеќе од 1 ден да не е виден во јавност. Сега никој го нема видено од 5-ти март (а паниката почна уште пред два дена). Плус, вчера Кремљ им соопшти на новинарите викендов да очекуваат важно соопштение.