
Во конгресно испрашување, поранешниот директор на американската разузнавачка служба, Џон Ратклиф, потврди дека директорот на Центарот за заразни болести, државниот секретар како и врвот на националното разузнување се согласиле дека ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторијата во Вухан.
Контра ваквите сознанија, тие отстапија пред првиот човек на американската борба против пандемијата, Ентони Фаучи, кој таа верзија упорно ја етикетираше како конспирациска теорија, за да се покрие темата кој ја има финансирано таа лабораторија.
Конгресменот Џим Џордан, од Охајо:
„Што мислите, што беше мотивација на Ентони Фаучи и Фил Колинс (во тоа време директор на Националниот институт за здравје - н.з.) да споделуваат лажни информации со американскиот народ?“
Џон Ретклиф:
„Одговорот најдобро го даваат нивните меѓусебни конверзации, дека не сакаат НЕПОСАКУВАНО ВНИМАНИЕ за односите меѓу западните виролози и оние во Вухан, како и изворите на нивните финансирања...“
Џордан: „Сакате да кажете наши пари имаше во лабораторијата која го чепкаше вирусот. Тоа е она што не сакаа да дознаеме. Се согласувате ли со тоа?“
Ретклиф: „Се согласувам.“
Во ноември 2021 година, доктор Фаучи под заклетва му тврдеше на сенаторот Ренд Пол дека американскиот институт за здравје не финансирало истражувања во лабораторијата во Вухан иако подоцна се открија меилови за постоење „монетарни односи“ со таа лабораторија (преку EcoHealthAlliance). И директорот на CDC има потврдено дека Американскиот државен институт го има финсирано Вухан.
Конгресменката Никол Малиотакис, од Бруклин:
„Дали мислите дека доктор Фаучи лажеше под заклетва?“
Џон Ретклиф: „Mислам дека некои од тврдењата на доктор Фаучи не соодветствуваа со разузнавачките информации кои ги поседувавме.“
**********
*************