Британските закони предвидуваат дека секој поранешен премиер има право на годишен надомест од државата за функцијата што ја вршел, а единствен предуслов за ова е да бидеш премиер/ка на Британија. Во условите не се спомнува ни траење на мандатот, ни успех, ни ништо дополнително.
Со вакви услови, Трас се квалификува за надоместокот од 115.000 фунти и покрај тоа што го држи најкраткиот мандат на оваа позиција во постоењето на Британија.
За овие 44 дена државата ќе и плаќа на Трас до крајот на животот, бидејќи не е предвидено ограничување пример за кога Трус ќе исполни услови за пензија.
Апанажата е „замрзната“ на сумата од 2011 година, па и за 2022/23 останува 115.000 фунти. Надоместокот го воведува Џон Мејџор во 1991 по оставката на Маргарет Тачер.
Во објавувањето на оставката Трас изјави дека се повлекува затоа што не била способна да ги испорача ветувањата за кои била избрана.