Вампири и неродени деца цицале милиони од социјални програми

При темелно прегледување на исплатите на социјална помош за невработени лица во САД Канцеларијата за штедење на Илон Маск открила милионски суми за кои аплицирале илјадници старци, бебиња, па и на неродени деца. Бројките се превисоки за да се отпишат како „бирократска грешка“. Поддршка за невработеност побарал и Американец со датум на раѓање во 2.154 година. 

Прочистувањето на списоците на Агенцијата за здравство и хуманитарни услуги за периодот по 2020 година покажало дека најмалку 24.500 луѓе постари од 115 години побарале бенефиции во вкупна вредност од 59 милиони долари.

Уште 28.000 деца помлади од пет години побарале помош во вредност од 254 милиони долари, а речиси 10.000 основци и средношколци побарале 69 милиони долари. Канцеларијата го издвојува случајот на Американец што е „роден“ во 2154 година, кој побарал бенефиции од 41.000 долари.

Вашите даночни долари се трошат на лажни барања за невработеност за лажни луѓе родени во иднина. Ова е толку лудо што морав да го прочитам неколку пати, порача Маск.

Документите на Агенцијата за здравство и хуманитарни услуги (ССА) беа под истрага откако во февруари беше утврдено дека на нивните списоци има 60 милиони луѓе повеќе од целото американско население, вклучувајќи и милиони мртви Американци што ги исполнуваат условите за социјално осигурување.

Маск тогаш објави графикон што покажува дека се регистрирани повеќе од 20 милиони Американци на возраст над 100 години, вклучувајќи 3,9 милиони на возраст помеѓу 130-139 години, 3,5 милиони на возраст од 140 до 149 години и 1,3 милион над 150 години. Рекордер бил човек на возраст од 360 години што исполнува услови за социјални примања.

Според базата на податоци има многу вампири кои собираат социјално осигурување, коментираше Маск.

Канцеларијата додаде дека поништила и грантови во вредност од 51 милион долари за бизарни иницијативи во Африка, како 229.296 долари за „маркетинг за органски путер од ши во Буркина Фасо“.

Фондацијата за африкански развој дала грантови за маркетинг за сок од ананас во Бенин (239.738 долари), за сушење манго во Брегот на Слоновата Коска (246.217 долари), за зголемување на производството на јогурт во Уганда (99.566 долари), па дури и 84.059 долари за „бизнис инкубатор за претприемачи за спа и велнес“ во Нигерија.

10 април 2025 - 09:48