Суд казни германски новинар поради критика на министерка

Американскиот потпретседател ЏД Венс ги критикуваше „орвелијанските“ германски закони за слобода на говорот. Суд од Бамберг се потруди да го поддржи. На уредник му е изречена условна затворска казна поради фотомонтажа на министерка што упорно тужи за клевети. Гревот е тоа што наместо нејзината оригинална порака, уредникот напишал „Ја мразам слободата на говорот“. 

Окружниот суд во Бамберг го осуди Давид Бенделс, главниот уредник на весникот Дојчланд куриер, на условна казна од седум месеци затвор поради сатирична фотомонтажа на сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер. Судот утврди дека фотомонтажата претставува „клевета против политички личности“, според Членот 188 од германскиот кривичен законик.

Во монтажата објавена во весникот на Бендел, министерката држи знак на кој пишува „Ја мразам слободата на говорот“. На оригиналната фотографија Фезер држи натпис „Се сеќаваме“, посветен на Денот на одбележувањето на Холокаустот.

Бендел категорично ја отфрла казната и најави дека и тој и весникот ќе ја оспорат со сите правни средства што им се на располагање.

Ќе ја продолжиме праведната и суштинска борба за слободата на печатот и слободата на изразување, решителни, стабилни и со сета можна доследност заради егзистенција на демократијата во Германија, порача Дојчланд куриер.

Окружниот суд во Бамберг лани го казни Бенделс за три случаи, за кои му е наложено да плати вкупно 480 дневници. Сите тужби биле од министерката што сега била „жртва“ на фотошопирањето.

Уредникот не е единствена жртва на прогон поради јавна критика на политичари. Јавното обвинителство во Бамберг лани наредило претрес во дом на пензионерот Штефан Нихоф поради објавување сатирична содржина за вицеканцеларот Роберт Хабек.

9 април 2025 - 11:56