
2-часовното интервју за Опра беше дадено со најмалку можни споменувања на имиња на членови на кралското семејство и постава, и со најмногу можни ишарети за кого се работи.
Меѓу посериозните работи од интервјуто е признанието на Меган дека се уште била дел од кралското семејство кога почнале да и доаѓаат самоубиствени мисли, „повеќе не сакав да бидам жива, и тоа беше многу јасна и реална и застрашувачка константна мисла“. Кога побарала помош околу ова од палатата (кралската администрација) таа била одбиена по чисто бирократска основа дека „не е платена вработена во институцијата“.
Додека била таму таа едвај смеела да се движи, бидејќи луѓето од „Фирмата“ (терминот за луѓето што се грижат за кралското семејство) не и дозволувале да ги напушти дворецот, заради страв како тоа ќе изгледа.
Меѓутоа на страна овие работи, кралското семејство да ти страдало од проблеми кои до сега ги мислевме како чисто балкански. Па така како во секое балканско семејство кое држи до себе, Хари и татко му не збореле меѓу себе (Чарлс не му кревал ни на телефон на син му) во времето кога младиот решава да го напушти кралското семејство (во последниов период повторно зборуваат), а на Хари од почетокот на минатата година му е укинат кралскиот џепарлак што го добиваше од кралското семејство. Моментално Хари е „само“ со парите што му ги оставила мајка му, принцезата Дијана и милионските хонорари што ги договори со Нетфликс.
Продолжувајќи со балканските работи, Меган (и понатаму војвотка од Сасекс) во интервјуто тврди додека била трудна со Арчи во повеќе наврати лица кои таа одбива да ги именува, му се пожалиле на принцот Хари дека се загрижени околу тоа колку ќе биде темна кожата на бебето кога ќе се роди.
Парот моментално чека девојче.
И Хари и Меган за време на интервјуто повторуваат дека се во одлични односи со кралицата и дека постојано комуницираат со нејзе.
Друга важна работа од интервјуто, Хари и Меган чувале кокошки во двор.