Чистката која повеќе беше роднинско-политичка и расчистување на теренот за следниот владетел на земјата, отколку анти-корупциска, донесе фини пари дури и за буџет на земја како Саудиска Арабија.
На крај од вкупно 87 лица е собрана сума од 107 милијарди долари.
Така меѓу примерите на освестени граѓани е поранешниот раководител на Националната гарда на земјата, инаку принц и роднина на престолонаследникот, кој по повеќемесечниот престој во хотелот решил да и врати на Саудиска Арабија 1 милијарда долари.
Принцот Алвалид бин Талал ал Сауд како најбогат Саудиец е еден од најпознатите притвореници, кој хотелот го напушти по 83-дневен престој и со 4 милијарди долари помалку на своето конто.
Вториот по богатство човек во земјата, Мухамед Ал Амуди, истера 6-неделен пакет аранжман во хотелот, пред да биде пуштен да си оди на 27 јануари 2019. Тој своето богатство го стекнува преку владини договори за време на владеењето на кралот Фахд. Човекот е по потекло од Етиопија, а најголемиот дел од неговиот имот е вон Саудиска Арабија. И покрај ова, тој реши дека слободата му е поважна од 1,4 милијарда долари од неговото богатство.
Меѓу поситните донатори во буџетот се Салех Камел и Фаваз Алхукар, без никакви роднински врски со кралското семејство, на кои слободата им беше подрага од 700, односно 520 милиони долари.