САД „веројатно“ имаат по 200.000 нови заразени на ден

Дневниот број на новозаразени е далеку повисок од оној што секој ден се пријавува, објавуваат од американското министерство за здравство, а и ширењето на епидемијата моментално е во премногу напредна фаза за САД да се ослонуваат само на тестови и следење контакти.

„Стварно е невозможно да се откријат и следат 67.000 нови случаи на ден, што веројатно значи дека во јавноста имаме околу 200.000 случаи на ден.

Мора да се преземаат мерките за избегнување што претходно во ги кажав. Значи, носи маски и избегнувај толпи,“ порачал заменик министерот за здравство, Брет Жироир, во интервју за Фокс.

Жироир кој претходно беше главен за тестирање за ковид-19 во САД, објаснил дека овие методи помогнале да се спречи напливот во најголемиот дел јужни и западни сојузни држави, кои периодов имале пик на инфекции. Тој не очекува бројот на хоспитализации и смртни случаи да падне уште неколку недели.

Тврдењето на Жироир, инаку адмирал со 4 ѕвездички, е поткрепено и со неодамнешни податоци од американското ЦДЦ, според кои вистинските бројки на заразени се далеку повисоки од пријавените. Пример, нивна процена е дека во Њујорк, бројот на заразени веројатно е 12 пати повисок од официјалната бројка.

24 јули 2020 - 09:27