Предупредувањето од Вашингтон било пренесено неколку пати и тоа на врвот на цивилното разузнавање, СБУ, и врвот на военото разузнавање ГУР. Двете служби претходно постојано ги прошируваат своите програми за дроновски напади на руски мети на тло, вода и воздух, и успешно ги користат од почетокот на војната во Украина.
Од 12 напади на руски рафинерии од 2022, 9 се од почетоков на годинава, згора на ова се и напади на руски терминали, депоа и резервоари.
Годинава цената на нафтата е порасната за 15%, или на 85 долари за барел, што се одрази на цената на горивото, а тоа не оди во корист на кампањата за реизбор на Џо Бајден.
„Ништо не престрашува актуелен американски претседател повеќе од скок на цените на пумпите за време на изборна година,“ објаснува поранешниот советник за енергетика на Белата куќа, Боб Мекнали.
Стравот на Вашингтон е и дека Русија би можела да врати на нападите, некои и стотици километри во руска територија, со таргетирање на енергетска инфраструктура што ја користи Западот. Пример, ЦПЦ нафтоводот кој носи нафта од Казахстан преку Русија до глобалните пазари, кој меѓу другите го користат компании како Ексонмобил и Шеврон.
Зачестените напади од украинска страна се толкуваат како нивен одговор на се понеповолната ситуација на фронтот, и резултат на гневот на Киев кон „она што тие го сметаат за колебливост на западот кон запирање на приходите на Москва од продажбата на енергенси.“