„Каде да се интегрираме? Да се интегрираме со оние кои велат ’Стоп за Исламот’? Да се интегрираме со место каде не се прави разлика меѓу мажи и жени? Дефинитивно нема,“ изјавил Алијев во говор на универзитетот во Баку.
Ова е ретка јавна осуда на Западот од страна на Алијев, кој во 2007 ја одобри националната безбедносна стратегија која опфаќаше членство на земјата ЕУ и НАТО.
Азербејџан е мнозински муслиманска, но секуларна држава со околу 10 милиони жители, сместена меѓу Русија и Иран.
До сега односот меѓу Азербејџан и Западот беше прилично меѓусебно корисен и успешен. САД и помогна на земјата да изгради нафтовод и гасовод кон запад притоа заобиколувајќи ја Русија, а ЕУ го смета Азербејџан за стратешки енергетски партнер со кој од 2017 преговараат за нов договор за соработка.
Она што ги оптовари односите меѓу двете страни се сè почестите критики од САД и ЕУ околу начинот на кој се практикува демократијата во земјата и третманот на човековите права.
Во 2018 Алијев со сериозно мнозинство освои нов мандат од 7 години.