Во истражување на Универзитетот од Индијана, 53% од возрасните лица изјавиле дека се искусиле осаменост, и кај оваа популација психичкото и физичкото здравје биле далеку полоши во споредба со другите демографии и здравствени состојби.
Иако претходно студии покажуваат дека погоре споменатите пороци се помалку штетни од самотијата, останува можноста самотијата да е комбинирана со претерување со храна и алкохол или немање желба да се вежба, па заради тоа и да има полош исход.
Препораката на научниците е дека самотијата треба да се третира на ист начин како другите проблеми, па докторите исто како што ги прашуваат возрасните пациенти дали пушат или пијат, треба да ги прашаат и дали се осамени и да им понудат решение.
„Самотијата можеби изгледа едноставна, но таа може да биде комплексна за идентификување и справување.
Таа почна да станува проблем и пред ковид-19 а тогаш со националната забрана за излегување од дома беа спречени социјални контакти, што само го влоши проблемот,“ објаснуваат научниците од Универзитетот во Индијана.
Во 2023 американските здравствени власти заради влошување на епидемијата со самотија и изолација објавија официјални насоки за справување со истото, додека научниците од Универзитетот во Индија, препорачуваат „чувствата на изолираност да се третираат како сериозни здравствени фактори - пред да биде предоцна.“