Работата околу Петреус премногу брзо се заврши (љубовница > оставка > затворен случај) заради што се појавија сомнежи околу целата ситуација.
Петреус поднесе оставка речиси инстантно по победата на Барак Обама, а само една недела пред неговото сведочење пред Конгресот во врска со нападот на конзулатот на САД во Бенгази. Прашањето е зошто тој токму сега си поднел оставка, кога ФБИ веќе неколку месеци знаел за неговата афера.
Тука веројатно настапува Белата куќа, која сигурно била запознаена со неверството на Петреус, но ја заташкала целата работа до крајот на изборите. Според законот, Конгресот мора инстантно да биде информиран за сите важни активности или пропусти на тајните служби, како што беше информацијата дека љубовницата на Петреус имала пристап до неговите мејлови.
Да ја поднесеше порано оставката, тој фатално ќе и наштетеше на кампањата на Обама и ќе ги потврдеше тврдењата на Ромни за "фијаското на тајните служби" и неговите сомнежи дека нападот на Бенгази не бил само спонтан протест против САД.
На страна ова, друга работа која се случи сред изборната кампања ама беше некако заташкана, е откривањето на планот на ЦИА за користење на пари од дрога за финансирање на опозицијата во Еквадор и симнување на тамошниот претседател Рафаел Кореа од власт.
Чилеанските медиуми дошле до податоци за овој план. Според нивните извори месечно преку чилеанската граница во Еквадор влегуваат 300 килограми кокаин и тоа со помош на ЦИА и ДЕА (одделот за наркотици). Овие тврдења ги поддржи и поранешниот британски дипломат Крег Муреј, кој наведува дека ЦИА за 3 пати го зголемила својот буџет за дестабилизација на владата на Еквадор. Сега на располагање имаат 87 милиони долари.