Во тужбата против Онлифанс се тврди дека продавачите/чките на порно содржини биле „шадоубанирани“ на повеќе платформи (Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб, Твитер) и се работи исклучиво за порно ѕвезди кои работеле надвор од платформата на Онлифанс.
Порно ѕвездите ги користат социјалните мрежи за промовирање на своите содржини, и тие посебно им вршат работа на оние што материјалот го продаваат на приватни веб-страни, а не на порно платформи.
Тужителките и останатите порно ѕвезди цинкарени од Онлифанс биле додадени во глобална датабаза за онлајн профили поврзани со тероризам управувана од Глобалниот интернет форум за спречување тероризам (ГИФЦТ), чија цел е да се спречи ширењето на видеа со масовни убиства и други терористички содржини на социјалните мрежи.
Адвокатската фирма зад тужбата тврди дека открила над 21.000 Инстаграм профили кои некоректно биле тагирани како потенцијални терористи.
Според тужбата, компанијата зад Онлифанс, Феникс интернешнл, митото го исплатила преку тајна подружница од Хонгконг, на сметки на филипинска офшор банка на неколку корумпирани вработени на Мета, меѓу кои и најмалку еден неименуван висок директор.
Тужителите тврдат дека во 2018 забележале масовна акција за чистење / филтрирање содржини на социјалните мрежи кои ги опфатило само „независните“ автори, додека корисниците на Онлифанс уживале „мистериозен имунитет.“ Заради ова Онлифанс успеале и да стекнат „драстично зголемен пазарен удел, додека конкуренцијата стагнирала или се намалила.“