Многу сум уплашена, ве молам да дојдете

Ова е Хинд Раџаб, шестгодишно девојче од Газа кое нема да дочека да наполни седум години. Тоа во насловот се нејзините последни зборови кои по телефон им ги кажала на спасувачките екипи од Црвената полумесечина. Дванаесет дена подоцна од нејзиното молење, малата е најдена мртва заедно со неколку членови на нејзиното семејство и двајца спасувачи кои пробале да помогнат.  

За жал, нема што многу да се каже за овој случај, еден од безбројните а бескрајни таги кои секојдневно се случуваат во Газа. Тоа е тоа. Малата Хиџаб цели три часа молела за помош наоѓајќи се заробена во кола со нејзини мртви роднини, во кола која се нашла под оган.

Потоа се прекинува врската.

Речиси две недели подоцна е најдена мртва, заедно со сите што биле во автомобилот. Биле таму затоа што претходно се повлекле израелските војници. Во близина се најдени мртви и двајца спасувачи со амбулантно возило на палестинската Црвена полумесечина кое исто така било гранатирано.

„На судниот ден ќе ги испрашам пред Бога сите оние кои го слушнаа плачот на мојата ќерка за помош и не ја спасија“,  вика Висам Хамада, мајката на девојчето.

Кутро, кутро дете.

11 февруари 2024 - 14:30