Кризите не се време за политичко единство

Британскиот министер за здравство со нетрпение чекаше да може да каже дека медиумите претерале, изјавувајќи „искрено, прашањата што ни ги поставуваат новинарите во моментов иритираат голем дел од јавноста.“ Прашањето на новинарката на Атлантик е „Зошто тие што се на власт така се расфрлаат во својата моќ?“ Одговорот од нејзе е „Затоа што можат“.

„Владата сега има моќ да понуди економски пакети за помош, да спасува цели индустрии кои се пред пропаст, да им кажува на граѓаните каде можат да одат и што можат да прават. Голем број од властите низ светот имаат скок на рејтингот во коронавирусот, феномен што политиколозите го нарекуваат ’строење зад знамето ефект’.

Пандемијата исто така ги унапреди и лидерите. Доналд Трамп редовно се фали за рејтинг успесите на неговите прес-конференции; тука во Британија, дневните брифинзи од премиерот или неговите избрани подофицери се главни во вечерните вести и следниот ден. Во Франција, прајм-тајм обраќањето на Емануел Макрон на 13 април се проценува дека беше гледано од 86% од населението во земјата. Неспектакуларната Ангела Меркел имаше високи рејтинзи за слично обраќање, порачувајќи им на Германците дека ’од Втората светска војна, немало поголем предизвик за нашата држава, кој толку многу зависи од солидарноста на сите нас’,“ пишува Хелен Луис во Атлантик.

Додека овие лидери максимално ја користат истурената позиција на своите државни функции, нивните конкуренти, опозицијата, не добива ни најмало внимание. Уште во април американските медиуми прашуваа каде е Џо Бајден, во Британија новиот лидер на опозицијата Кеир Страмер од Лабуристите (кој го замени Џереми Корбин) се мачи да пробие со каква било изјава.

„Дури и најлибералните политичари кои најстрого се држат до законот се чувствуваат привлечени од можноста да ја преземат целата власт, преку спречување на опозицијата да ги попречува нивните одлуки.

Очекувајте повиците за единство да зачестуваат ако и кога националното расположение и поддршка за владата ќе почне да бледее,“ порачува Луис.

20 мај 2020 - 11:49