Калифорнија како предупредување

Со генерации, Калифорнија го предводеше светот во креирање најсовремени идеи и широки можности за новодојденците. Денеска Голден Стејт уште еднаш ја навестува иднината, но овојпат тоа треба да се чита како предупредување. Грст олигарси и огромна бирократска каста владеат со плебсот, рајата, закрепостените.

Со генерации, Калифорнија го предводеше светот во креирање најсовремени идеи и широки можности за новодојденците. Како што еднаш рече Австриецот Арнолд Шварценегер:

„Ние сме модерниот еквивалент на античките градови-држави Атина и Спарта... Не само што можеме да ја водиме Калифорнија во иднината... можеме да им покажеме на нацијата и на светот како да стигнат таму“.

Денеска Голден Стејт уште еднаш ја навестува иднината, но овојпат тоа треба да се чита како предупредување, вели Џоел Коткин.

Иако многумина сè уште ја гледаат Калифорнија како дом на „новата прогресивна ера“, таа денес е пионер на нов вид речиси феудално општество. Грст олигарси и огромна бирократска каста владеат со плебсот, рајата, закрепостените.

Калифорнија не е само дом на убедливо најголемиот број милијардери во САД туку и на огромна сиромаштија. Во неа владее најголем јаз меѓу оние со среден и горно среден приход од која било држава. Таму опстојува една од највисоките стапки на невработеност во САД, како и масовна нето-имиграција, егзодус што нагло се зголеми после 2019 година. Исто така, 30 отсто од бездомниците од цела држава живеат таму.

Клучот за разбирање на неофеудалната реалност на Калифорнија лежи во нејзината променета економија. Пред една деценија, нејзините најголеми фирми беа од авио индустријата, финансиите, енергетиката и услужните дејности. Денес, енергетските фирми во голема мера исчезнаа - Шеврон го има, но ги преселува операциите во Хјустон, Тексас. Само една топ компанија за воздухопловство, SpaceX, сè уште има седиште таму, но исто така ги префрлува операциите во Тексас.

Тексас има седум пати поголем број капитални проекти од Калифорнија а од 2018 до 2021 година а 352 компании со седиште во Калифорнија ги преселиле своите централи на друго место.

Ниту една калифорниска област не е рангирана во топ 10 во САД во однос на добро платените работнички професии а четири - Вентура, Лос Анџелес, Сан Хозе и Сан Диего - се наоѓаат меѓу последните 10.

Од 2008 година, државата отворила пет пати повеќе работни места со ниски плати отколку работни места со високи плати. Дури и во Силициумската долина, некогаш синоним за амбиции и иновации, повеќето нови работни места заработуваат помалку од 50.000 долари годишно.

Режимот на Гевин Њусом, гувернер на Калифорнија и принц на олигархиската елита се темели на високи даноци и масовна регулатива која произведува огромна сиромаштија. Најмногу страдаат етничките малцински заедници во државата.

Денес секој петти Калифорнијец – од кои многумина вработени – живее во сиромаштија (со приспособена стапка на сиромаштија според трошоците на животот) а уште една петтина - околу 15 милиони луѓе - речиси во сиромаштија. Со исклучок на Азијците, расните малцинства во државата стојат многу полошо - во образованието, приходите и сопственоста на домови - отколку на кое било друго место во земјата.

Наместо да се занимава со класните прашања, прогресивниот проект на Калифорнија се фокусира на прашања како што се полот, абортусот и расата.

****************

Види:

Валканата тајна на американското бедзомништво

18 јуни 2024 - 10:55