Откако ќе завршат со "запознавањето" и двајцата одат кај продуцентот, кој ја проверува медицинската база со нивните вистински имиња, за да види дали овие негативни тестови се постари од 15 дена.
По ова и двајцата актери се соблекуваат пред продуцентот, кој ги проверува нивните усти, раце и гениталии дали имаат рани или чирови.
"Не сум доктор. Единствено сум квалификуван да го правам ова бидејќи снимам порно уште од 1990-та и знам кога нешто изгледа лошо," му објаснува порно продуцентот Шајлар Коби, на репортерот на Њујорк Тајмс.
Бројките до кои дошол весникот (за американската порно индустрија) покажуваат дека од 2004-та од 350.000 секс сцени кои биле снимани без кондом, во ниту една не бил пренесен ХИВ.
Репортажата на Тајмс е во врска со неодамнешниот закон кој беше изгласан во Лос Анџелес, а според кој секој машки актер мора да снима со кондом.
Од порно индустријата во Калифорнија се жалат дека ваквото барање ќе им го уништи бизнисот, бидејќи публиката нема да им ги купува овие филмови. Дури и Лос Анџелес Тајмс се противи на законот, сметајќи го за "добронамерен но неиздржлив," а весникот предупредува дека законот би значел и укинување на околу 10.000 работни места.
Според сегашните правила на порно индустријата, актерите мора да се тестираат на секои 28 дена (иако некои студија го намалија рокот на 14 дена). Доколку некој актер е позитивен, тогаш сите студија се обврзани да престанат со снимање се додека не се најдат и не ги минат тестовите сите негови (филмски) партнери и партнерите на неговите партнери.
Единствениот случај со ХИВ заразена актерка е од 2009-та, но девојката се заразила од својот дечко, кој работел како проститутка.
Самите актери инсистираат дека се повеќе од внимателни околу евентуалните полови болести бидејќи нивните работи зависат од тоа. Врвните ѕвезди заработуваат меѓу 200 и 400 илјади долари годишно.
Посебно женските порно глумици имаат проблем со кондомите, бидејќи - жуљаат.
"Просечното траење на сексот кај најголемиот дел од Американците е 10 минути. На снимање, тоа е 30 до 60 минути постојано триење. Без разлика колку лубрикант користиш и понатаму е незгодно. Триењето пржи, а може да створи и други проблеми за гениталиите. Јас едвај можам да снимам две до три сцени со кондом месечно," објаснува порно актерката Нина Хартли, која е во индустријата од 1984-та.