Јапонија отфрла ширeње на муслиманските гробишта

Јапонска пратеничка категорично се спротивстави на барањата од странци, особено од муслимани, за проширување на гробиштата. Филозофијата на Јапонците е дека увезуваат труд, но не прифаќаат наметнување обичаи или закони што се спротивни на домашната традиција и култура. Не случајно пред 13 века решиле да ги кремираат мртвите - за да остане повеќе простор за живите.

Традицијата на Јапонија мора да има приоритет во однос на настојувањата од странци да ги наметнат своите навики, порача пратеничката Мизухо Умемуара. Во обраќање пред Парламентот таа се спротивстави на барањата за изградба на нови муслимански гробишта и за проширување на постоечките, истакнувајќи дека во Јапонија над 99,9% од починатите луѓе се кремираат, согласно будистичките принципи и шинто религијата. 

За оние што сакаат останките да им бидат погребани спротивно на правилата што во Јапонија важат повеќе од 13 века, им понуди по смртта телата да им бидат испорачани на во матичните земји за да бидат погребани.

Умемура потсети дека Јапонија има посебен Закон за гробишта, со кој се ограничува површината на гробиштата, за да се остави поголем простор за локалните жители. Проширување на гробиштата е дозволено само со специфична дозвола од локалното население.

Продолжуваме со културата на кремирање 1.300 години, уште од времето на принцот Шотоку. Ова е исклучително важен дел од јапонската култура. Ако почнеме да ги прошируваме гробиштата тука или таму само затоа што има луѓе кои не сакаат телата да им бидат кремирани, тоа неизбежно ќе доведе до конфликт со локалните жители. Затоа, наместо да ги прошируваме гробиштата во Јапонија, правилниот пристап е да ги вратиме останките во нивните матични земји и да ги погребаме таму, изјави пратеничката.

Муслиманското население во Јапонија порасна на приближно 200.000, но исламските закони забрануваат кремирање и налагаат положување на починатото лице во гроб најдоцна 24 часа по смртта.

Јапонија е принудена да увезува работна сила, бидејќи нејзиното население забрзано старее, со што се зголемува бројот на пензионери, а се намалува базата што го полни пензискиот фонд. Имигрантите ги пополнуваат празнините во градежништвото, индустријата, логистиката и грижата за возрасните.

Некои јапонски општини, особено каде што гравитираат имигрантите од азиски земји со муслиманско мнозинство, имаат издвоено парцели за гробишта, со цел да го задржат протокот на работна сила. Во Јапонија денес има 10 големи муслимански гробишта.

Новата премиерка Санае Такаичи, првата жена на чело на владата во историјата на Јапонија, изјави дека странските работници се добредојдени, но и дека мора да ги почитуваат законите и правилата на земјата во која бараат егзистенција и просперитет.

1 декември 2025 - 11:15