Не можеме да негираме дека постојат јасни сигнали за распаѓање на ЕУ, вели Ванхојген кој во периодот 1999-2004 беше комесар за проширување а подоцна и за индустрија (2010-2014).
По него, ваквите тенденции постојат веќе неколку години а резултатот од британскиот референдум е позитивен шок кој треба многумина да отрезни.
Соочен со фактите за незадоволството од ЕУ ширум целиот континент (според Институтот Пју само на 27% Грци, 38% Французи и 47% Шпанци, членството во Унијата им е посакувана опција), Ванхојген одговара саркастично:
Па што да правиме, да ја дигнеме во воздух? Да се откажеме?
Бегалската криза и начинот на кој Брисел се справуваше со неа е една од клучните точки на поделбите. 94% Грци, 88% Швеѓани и 77% Италијанци се гневни од акциите, поточно пасивноста на ЕУ. Верхојген признава дека под сегашното раководство, Европската Унија можеби нема да преживее.
За време на своето шефување тој беше гласен поборник за влегување на Турција. Вината за сегашното однесување на Ердоган во однос на демократските принципи не е само во Анкара.
"Откако ЕУ ја изгуби преговарачката кондиција со Турција во 2005 и тие сфатија дека што и да направат - нема да влезат, немаше веќе причина господинот Ердоган да ги слуша советите и желбите на Брисел".