Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп бара да ги замолкне сите што го критикуваат

19 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот Доналд Трамп ги повика американските регулатори да им ги одземат лиценците на радиодифузерите ако објават негативни вести или коментари за него.
  • „Некаде прочитав дека мрежите беа 97% против мене, јас добивам 97% негативни мислења, а сепак победив и тоа лесно. Ми даваат лош публицитет, а добиваат лиценца. Мислам дека можеби треба да им се одземе лиценцата“, им рече Трамп на новинарите што го придружуваа во Ер Форс 1 по посетата на Британија.

Post-Kimmel Chaos: Trump Hints at Revoking TV Network Licences for Those Critical of Him https://t.co/gl1eqxL3z6 pic.twitter.com/sDI99piEAO

— RT_India (@RT_India_news) September 19, 2025
  • Телевизијата ABC под притисок од регулаторното тело завчера го суспендираше шоуто на Џими Кимел, поради критики на реакциите на Трамп и на движењето МАГА во врска со убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк. 
  • Белата куќа во изминатата недела нареди преразгледување на даночниот статус на либералните групи, го засили следењето на говорот на интернет и почна да одбива визи поради коментари. Администрацијата тврди дека ваквите мерки се неопходни „за сузбивање на говорот на омраза што може да поттикне насилство“.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

6

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
8

Почина Биљана Плавшиќ

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Порано се одеше на Тјентиште, Кадињача, Јасеновац....

Сирија, лаги и видео клипови

Го претера

Долга е раката на Русинот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy