И Туркменистан препорача маски, ама не заради корона

Туркменистан им препорача на своите граѓани да носат маски. Но, бидејќи земјата сака да остане верна на приказната дека во неа нема ковид-19, потребата од носење маска владата ја оправда со тоа што имало многу прашина во воздухот. Препорачано е и да се држи социјална дистанца. Ете така, без објаснување.

Препораките на туркменистанската влада беа објавени откако во Ашкабат пристигна делегација на СЗО со намера да видат и испитаат каква е ситуацијата во земјата која нема регистрирано ниеден случај на ковид -19. Туркменистан е една од ретките земји во светот во кој не е пријавен случај на болест од коронавирус.

Во соопштението се вели дека маски треба да се носат заради големата концентрација на прав во воздухот. Во истото соопштение се препорачува и одржување на дистанца од најмалку еден метар, но за тоа не се дава образложение.

Веројатно за да се долови дека новите препораките немаат врска со ковид-19 туку општо се занимаваат со здравјето на луѓето, меѓу другото се бара после долго време бидување на топло (а летно време таму регуларно е над 40 степени) луѓето да не стојат блиску до еркондишн.

********

Види и:

Туркменистан го победи коронавирусот, со тоа што го забрани

Претседателе, викнете ја онаа вашата

Туркменистан забрани црни коли

Туркменистан се еманципира од Сапармурат Нијазов

13 јули 2020 - 12:41