![](/files/styles/780px/public/vesti/2025/02/09/439239-germanija-go-pritiska-mask-da-dade-pristap-do-iks.png?itok=DP_1B6S6)
Германскиот суд му нанесе правен пораз на „Икс“ на Илон Маск, пресудувајќи дека платформата мора веднаш да обезбеди пристап до податоци за политички поврзани содржини пред изборите во земјата закажани за 23 февруари.
Одлуката е еден од првите големи судски тестови на Законот за дигитални услуги на Европската унија (DSA) која го оживува прашањето за усогласеноста на Икс со европските регулативи.
Во тужбата, поднесена од Democracy Reporting International (DRI) и Друштвото за граѓански права (GFF), Икс се товари за блокирање на следењето на потенцијалното мешање во изборите со тоа што не им се дава пристап до клучните податоци за ангажманот - лајкови, споделувања и метрика за видливост - што другите платформи ги ставаат на располагање.
DSA, кој стапи на сила во 2022 година, бара големи платформи да овозможат пристап до податоци заради проучување на системски ризици. Според олдуката, Икс ќе треба да го стори тоа до 25 февруари и претходно да ги плати трошоците за парницата во висина од 6.000 евра.
Маск и европските регулатори одамна се во клинч поради одбивањето на актуелниот сопственик на платформата да модерира односно цензурира содржини, како што тоа Твитер со години го правеше, често по налог на државни агенции и бироа.
*********
Види и: