Целиот договор е „торпедиран“ од Германија пред самото затворање, а целта на овие санкции беше да им се забрани на трети држави да го ре-извезуваат рускиот течен гас од ЕУ пристаништа и да ги финансираат арктичкиот и балтичкиот ЛНГ терминал.
„Едно време беше јасно дека секогаш треба да ја обвиниме Унгарија, а сега тоа е Германија,“ објаснува дипломат запознаен со разговорите околу пакетот санкции.
Ова ќе беше 14-от пакет санкции воведени од членките на ЕУ по почетокот на руската инвазија на Украина во 2022.
Стравот на Берлин беше околу проширувањето на мерките кои ги присилат компаниите од ЕУ да се осигураат дека нивните муштерии не можат да продаваат санкционирани производи на Москва.
Оваа клаузула до сега важи за огнено оружје, борбена опрема и производи со двојна употреба (воена и цивилна), „меѓутоа Германија беше загрижена дека нејзините мали бизниси ќе страдаат доколку ова е проширено на повеќе цивилни производи како хемикалии, или машинерија за обработка на железо.“
Берлин цело ова време го спречува и затворањето на дупката која дозволува луксузна стока, вклучително и луксузни автомобили, да транзитираат од Белорусија кон Русија.