Одлуката која опфаќа над 1 милијарда луѓе доаѓа од индискиот Врховен суд и важи за владите на секоја од сојузните држави во земјата. За да не биде наметнато со сила, Врховниот суд им даде фора од 6 недели на сите сојузни држави да објаснат зошто тие не треба да бидат одговорни за „неуспехот во исполнување на своите должности“ (односно решавање на загадувањето на воздухот).
Врховните судиите веќе подолго време се гласни во осудата на властите на сојузните држави кои се неспособни да се справат со загадувањето, порачувајќи дека народот има уставно право да живее без загадување.
„Станавме предмет на исмејување во светот.
Владата не може да обезбеди чист воздух и вода за граѓаните на главниот град. Па тогаш што е целта на целиот овој развој? Што е целта на тоа што си светска сила?,“ порачаа индиските врховни судии.
Тие наведуваат сведоштва на жителите на некои од најзагадените области во земјата, кои изјавиле дека попрво би сакале „да бидат докрајчени со експлозив,“ отколку да чекаат бавна и болна смрт од болести како рак.
Обраќајќи му се на јавниот обвинител на земјата, еден од судиите запрашал: „И, ова треба да биде толерирано? Нели е ова полошо од внатрешна војна? Зошто луѓето се ставени во гасна комора?“
И, ова треба да биде толерирано?