Десетка со свет

10 работи кои се случуваат во светот кои треба да ги знаете овој петок.

1. Меѓународниот Монетарен Фонд, еден од трите главни кредитори на Грција, соопшти дека на Грција ѝ е неопходно олабавување на долговите, нешто кое грчката влада цело време го бараше во преговорите.

2. Неколку дена пред референдумот на Ципрас, во грчките банки останаа само уште 500 милиони евра.

3 Британската нафтена компанија BP постигна договор со американската влада да плати 18,7 милијарди долари отштета за протекувањето на нафтата во Мексиканскиот залив пред 5 години. Ова е најскапата отштета во историјата на САД поврзана со еколошки проблеми.

4. Околу 150 луѓе, вклучувајќи жени и деца биле убиени во нападите на Боко Харам во североисточните села на Нигерија. Ова е најкрвавиот ден во земјата откако во мај на власт дојде претседателот Мухамаду Бухари.

5. Сиријските бунтовници започнаа масивна офанзива за преземање на контролата на Алепо, најголемиот сиријски град кој истовремено е и финансиски и индустриски центар на државата.

6. Екстремистите на ИД уништија делови на античкиот град Палмира, вклучувајќи ја и 2.000 години старата статуа на лав позната како Лавот од Ал Лат

7. 38 лица загинаа а 15 се сметаат за исчезнати откако се превртил брод на Филипините, бргу по напуштањето на пристаништето во градот Ормок.

8. Жена од Вашингтон почина од сипаници, прв ваков случај во земјата од 2003-та година. Инфекцијата била откриена дури на аутопсија бидејќи претходно не покажувала никакви симптоми на оваа болест.

9. Тренерот на австралискиот фудбалски клуб Adelaide Crows, Фил Волш бил убиен дома. За убиството е притворен неговиот син.

10. Во Тунис се уапсени 8 лица кои се сомничат за директна поврзаност со масакрот на туристичката плажа во кој загинаа 38 лица.

Бонус: Швајцарски авантурист го сруши светскиот рекорд за непрекинато летање со авион, останувајќи во леталото цели три дена и три ноќи над Пацификот. На крај бил уморен.

избор на БИ

3 јули 2015 - 11:24