Чешка воведува посебен „карантински бонус“ од 14 евра по вработен, со намера да ги спречи луѓето да одат на работа иако би требале да одат во карантин.
Со најголем број новозаразени во ЕУ, многу Чеси не ги пријавуваат и своите контакти бидејќи во карантин спаѓаат на надокнада за боледување од 60% од платата.
По последните извештаи, Чешка имаше 1.395 новозаразени на 100.000 жители. Во земјата со 11 милиони луѓе регистрирани се 1,3 милиони заразени и 5.537 мртви.
Поголемиот број новозаразени ја имаат британската варијанта а болниците се пред колапс поради што државата побара од некои земји како Германија, Швајцарија и Полска да преземат дел од нивните пациенти a најавено е дека ќе бидат ангажирани и студентите по медицина.