Дали Германија би била Германија без Баварија? Богатата јужна покраина изнесува една петина од вкупната територија на државата а втора е по население. Октоберфест, кисела зелка, оние смешни кожни гачерони, Баерн, Вагнер, Штраус, Макс Планк, Бекенбауер... сè е тоа баварско.
Па сепак, постојат Баварци кои не сакаат да имаат ништо со Германија. Артикулирани преку Баварската партија која се бори за независност, тие лани поднесоа иницијатива за рефрендум.
Судот им ги скрати крилјата оценувајќи дека тоа би било неуставно бидејќи покраините не се конститутивен елемент на државата.
"Ако сакаш да го пресушиш мочуриштето, за тоа не ги прашуваш жабите," изјави лидерот на партијата за кого ваквата судска одлука била очекувана.
Уште од римско време Баварија е еден од најбогатите региони во Европа и има долга историја на обиди за независност.
По неколку децениската притаеност на идејата, таа последниве години повторно се разгоре но сепак одзивот е релативно скромен. Според сондажите, за независна Баварија се околу 23 проценти од населението.