Антверп повторно кокаинска престолнина на Европа

Белгија, политичкиот центар на Европската унија и сè нешто европско, и посебно Антверп, повторно ги имаат највисоките бројки на користење кокаин во Европа.

Рангирањето се прави според количината на траги од кокаин најдени во отпадните води низ европските градови, а го врши Европскиот мониторинг центар за дрога (ЕМЦДДА) и зависност од дрога кој ја прави листата од 2011.

По нивните бројки користењето кокаин во Антверп минатата година пораснало за 50%, за споредба Брисел и Амстердам имаат раст од „само“ 28%.

„Количините откриени во отпадните води покажуваат дека користењето кокаин останува највисоко во западните и јужните европски држави, посебно во градовите во Белгија, Холандија, Португалија и Шпанија,“ тврдат од Центарот.

Во најголемиот дел од источните европски градови се откриени ниски нивоа на траги од кокаин, но и таму имало раст.

Антверп е во топ 3 и по користење амфетамини, а на второ место е по екстази. Во Белгија не се мерело за канабис и кетамин.

Целата равенка на ЕМЦДДА се базира на остатоците од дроги што ги откриваат во отпадните води во градовите каде завршиле како дел од фекалиите откако биле преработени во човековото тело.

Истражувањето се прави во 104 европски градови.

27 март 2023 - 11:59