Англискиот миграциски суд минатата недела реши дека шеф на албанска мафија која оперира на островот може да остане во земјата, на основа на одредби за човекови права.
Ѓелош Колицај бил осуден на ш`ест години затвор за шверц на 8 милиони фунти од профитот на неговата банда надвор од Велика Британија. Националната агенција за криминал предупредила дека тој е закана за јавноста и дека по неговото ослободување од затвор, најверојатно ќе се врати на криминалниот живот.
Во 2009-та добива двојно државјанство откако се оженил во Англичанка со која брзо се развел па се преженил со Албанка со која имаат две деца. Обидот да му се одземе британското државјанство се судри со одредби за човекови права, односно правото на семеен живот.
Уште поинтересен е примерот со човек од Судан кој илегално влегол уште пред 18 години. Добил азил на основа на тоа дека може да биде измачуван ако се врати во својата земја. Но, после добивањето на азил, тој во многу наврати одел и се враќал од Судан, без никаков проблем. Подоцна, британските безбедносни служби откриваат и дека е пропагандист на ИСИС кој активно шири такви материјали по социјални мрежи и повикува на џихад на Западот.
После тоа, државјанството му бива одземено додека бил во странство но неговите адвокати успеале да го убедат судот дека лишувањето од државјанството и депортирањето ќе ги прекрши членовите 2 и 3 од Европската конвенција за човекови права - правото на живот и правото да се биде заштитен од тортура. Минатиот месец, судиите му дале право да остане во Обединетото кралство на неодредено време.
„Властите очигледно не ги извршуваат најосновните безбедносни проверки пред да одобрат азил или државјанство. За премногу од оние кои се протнаа, подоцна се покажа дека претставуваат сериозен безбедносен ризик“, пишува Рахиб Ехсан.