
Сума сумарум, во ветар отишле над трилијарда американски долари. Ренд Пол мисли дека тоа не е партиски проблем:
„Кој е виновен за нашиот национален долг? Сите! Годинава, членовите на двете политички партии во Конгресот гласаа за масивни сметки за трошење, субвенции за индустрии кои не даваат резултати, континуирана воена помош за Украина и контроверзни иницијативи за климата. Додека Конгресот троши за да ги награди своите омилени проекти за домашни миленици, американските даночни обврзници се принудени да плаќаат преку високите цени и жестоките каматни стапки“.
Дел од ставките:
4.8 милиони долари за украински инфлуенсери.
3 милиони долари отишле во Бразил за проект „за борба против климатските промени кај девојчињата“.
Со 419.000 долари се финансирало истражување за да се утврди кои стаорци се поактивни во барањето кокаин - осамените или среќните.
За набљудување на птици „од безбедни места“ биле дадени 288.000 долари.
Речиси 11 милиони долари за дистописки експерименти со мачори: им давале електрошокови директно во рбет за да се види до кога ќе имаат ерекција.
12 милиони долари за пиклбол (нешто меѓу тенис и сервис) во Вегас.
32.596 за брејкденс.
Најголем дел од парите се отидени за алиментирање на националниот долг. За долг од над 36 трилиони, Американците годинава ќе платат 892 милијарди долари камата, а до 2034 година каматите може да достигнат 1,7 трилиони долари годишно.
* Целиот извештај ви е тука