Америка ја признава Палестина?

По нападот на Хамас, Бајден и Блинкен веднаш се појавија во Израел за да ја дадат својата поддршка и да порачаат дека земјата „има право да се брани себе си“. Од тогаш поддршката константа еродира пред постојаниот наплив на видеа и фотографии од убиени палестински деца и разрушена Газа.

Наводно Бајден повеќе не може да го поднесе Нетанјаху, а нетрпението само се пораснало откако тој го одби последниот предлог на Хамас за примирје. Израел ја има загубено и поддршката од американската јавност, посебно меѓу младата популација, а Бајден има проблем и со голем број конгресмени од демократите кои бараат итно примирје.

Њујорк тајмс сега прв пат пишува дека САД е на пат да ја признае независноста на Палестина, бидејќи хаосот кој таму се случува последниве месеци „ги убедил функционерите на Бајден дека повеќе не можат да чекаат и дека статус-кво не функционира“. За време на посетата на Катар минатата недела, Блинкен порача дека потребно е што е можно поскоро да се најде пат кон палестинска држава.

Од палестинската држава зависи и потенцијалното помирување меѓу Саудиска Арабија и Израел, бидејќи Саудијците не сакаат да чујат за соработка доколку Израел не помогне во подобрување на животот на Палестинците и да им даде можност за формирање држава.

Во исто време Нетанјаху повторува дека нема никогаш да дозволи формирање на таква држава, и во ова има поддршка од голем број Израелци и од конзервативните коалициони партнери.

„Но тоа можеби и нема да ја запре Белата куќа. Извори ми кажаа дека САД наскоро би можеле да ја признаат палестинската држава, меѓутоа нејзините граници и останати детали да бидат подоцна утврдени. Еден начин како би можело ова да се случи е преку резолуција на Обединетите нации која САД, во најмала рака, нема да ја блокираат,“ пишува Мајкл Кроули во текстот за Њујорк тајмс.

Иако и претходно лидерите на САД и Израел имале имаат сериозни несогласувања, Кроули потсетува дека ова е прв пат во повеќе децении двете страни да тераат со своја агенда со многу малку внимание за тоа што сака другиот партнер.

12 февруари 2024 - 10:31