Алепо виа Тексас

Форд Ф-250 пикап опремен со нестандарден противавионски топ завршува на твит на една од милитантните групи што се бори во Сирија. Утредента водоводџија од Тексас се буди со телефонски повици во кои луѓе му се закануваат дека ќе го убијат. Двете работи се поврзани.

Сопственик на Фордот (до 2013-та) е Џеф Оберхолцер, инаку водоводџија и газда на Марк-1 Пламинг. Тој лани пикапот го продава на еден од дилерите на автомобили во Тексас сити, кои пак возилото подоцна го препродаваат на една аукциска куќа.

Проблемот настанува затоа што Оберхолцер кога го продава пикапот не ги вади налепниците од него (име на фирма, телефон, адреса..) надевајќи се дека дилерот ќе ги одлепи пред да го продаде. И дилерот се надева на истото кога го продава пикапот на аукциската куќа.

Така автомобилот, заедно со налепниците од фирмата на Оберхолцер, врти околу планетава се додека да стигне во рацете Ансар ал-Дин фронтот во Алепо. Последниве пак воопшто не се заинтересирани за потсредување на брендирањето на пикапот, туку сакаат само да му монтираат против-авионски топ во задниот дел.

Оберхолцер се жали дека по објавувањето на твитот со фотографијата од пикапот со име и број на фирмата, почнал да добива навреди и закани по телефон. Од објавувањето на сликата до сега околу 1.000 пати му се имаат јавено или му имаат пуштено факс на бројот од пикапот.

22 декември 2014 - 15:56