Навални беше хоспитализиран во август годинава и моментално е здрав и жив и закрепнува во Германија, а во меѓувреме експерти од повеќе западни држави тврдат дека рускиот опозиционер бил отруен со Новичок, отровот од советско време.
Неделава новинарски извештај ги објави имињата и фотографиите на експерти за хемиско оружје од ФСБ кои со години го следеле Навални.
Одговарајќи на прашањата на традиционалната прес-конференција на крајот од годината Путин изјави дека ако Навални е човек на американските специјални служби, тогаш секако дека Русија треба да го следи.
„Меѓутоа ова не значи дека е неопходно да го отрујат. На кого му треба?
Ако руските специјални служби сакале да го отрујат Навални тие ќе ја истераа работата до крај,“ одговорил Путин.
Во заеднички извештај на Си-ен-ен, Шпигел и рускиот Инсајдер, се наведува дека агентите на ФСБ редовно го следеле Навални уште од 2017, меѓутоа извештајот не открива каков било директен контакт меѓу 44-годишниот опозициски лидер и наведените агенти.