Моменталната забелешка е во рамките дека Врховниот суд на САД се претворил во „политички инструмент, кој постојано се користи за поткопување на демократското владеење“, и сето ова многу пред назначувањето на Брет Кавано, кој авторот на текстот на Вокс го доживува како „дополнително делегитимирање на Судот пред јавноста“.
„Па станува совршено разумно да се праша дали треба да се распушти Врховниот суд, или барем да се ускрати неговата моќ за укинување на закони кои ќе одлучи дека се неуставни. Ако Судот повеќе не е неутрален арбитар на правото, ако тој постепено се претвора во партиско оружје, тогаш можеби е време да се преиспита неговата улога во нашиот уставен систем,“ пишува Шон Илинг во текстот за Вокс.
Тој разговара со професорот по право на Харвард, Марк Тушнет, околу можноста за укинување на Врховниот суд. Ставот на Тушнет е дека задачата на судот е „да ги пази границите на нашиот политички систем“. Оценката колку судот ја врши оваа работа зависи од тоа како го проценуваш легалниот квалитетот на нивната работа и второ како ти оценуваш дека нивните одлуки го околчуваат политичкиот систем во земјата.
„Некое време на либералите им се допаѓаше работата на судот, па потоа не им се допаѓаше. Некое време на конзервативците не им се допаѓаа одлуките на судот, па сега им се допаѓаат,“ објаснува Тушнет.
Тој наведува дека од крајот на 20-от век се повеќе системи го избегнуваат американскиот стил, каде судот го има последниот збор, и се префрлаат на систем што се нарекува процес на дијалог кој во основа е „интерактивен процес меѓу судот и законодавството“. Во овој систем ако судот го отфрли законот како неуставен, законодавците имаат право да инсистираат и да продолжат со работа на истата политика или закон.
На прашањето „дали мислиш дека е подобро да се укине Врховниот суд?“ Тушнет одговара дека е „голем фан на процесот на дијалог“ и тоа без разлика на идеолошкиот состав на Врховниот суд.
Во однос на успесите и напредокот што го донел Врховниот суд (пример истополови бракови) дилемата на Тушнет е „дали ваквата заштита на интересите на малцинствата е доволно суштинска за да натежне над мешањето што судот го има во законодавството на земјата во име на најмоќните сегменти на општеството.“
Една од иницијативите зад која застанува Тушнет е воведување на 18-годишен мандат на судиите наместо доживотен. На крај професорот признава дека одлуката околу судот ќе биде политичка, а не експертска, и предлага дека во меѓувреме треба да се изнесуваат секакви аргументи и решенија за потенцијалниот римејк на начинот на кој работи судот.