
Забелешката е на Ноа Каган, основач на маркетинг стартапот SumoMe, кој објаснува дека постојат мали работи што секој може да ги направи за да стекне самодоверба и да ги надмине непотребните стравови.
Тој смислува два предизвика "Stranger Challenge" и "Coffee Challenge," кои се дел од "игри на неуспех" што ги поттикнуваат луѓето да прават работи кои вообичаено не би ги направиле.
Поентата на кафе предизвикот, е да влезеш во кафуле (што има опција за носење), да побараш 10% попуст на цената на кафето и да ја почекаш реакцијата на другиот.
"Кога сме го пробувале ова, многу луѓе се вадеа на тоа дека минале курсеви и лекции за продажба и не им проблем да побараат попуст, или дека имаат пари и нема што да бараат попуст. Ама ако се обидеш и побараш 10% попуст на кафето, ти гарантирам дека ќе научиш нешто ново за себе што ќе те изненади," објаснува Каган.
Во вториот предизвик идејата е барем еднаш да седнеш на туѓо место на некој настан, во авион или во кино. Не за да бидеш безобразен, туку за да се тестираш себе и да надминеш некој страв.
"Поентата на ова е да издржиш до крај, да се почувствуваш малку непријатно, да пораснеш... ако правиш исто што прават и сите останати тогаш нема да го добиеш она што го сакаш. Како тогаш ќе победиш? Ако почувствуваш мала непријатност, тоа е моментот кога почнуваш да растеш и да учиш. Ќе видиш дека не е толку лошо како што изгледа. Само што откри 'еј, уште сум жив'... Голем број луѓе се вадат од памет уште пред да почнат," порачува Каган во еден неодамнешен подкаст.