Зошто е скапо да бидеш богат?

Во 1976-та Форбс го поставува индексот на "Чинење на екстремно добар живот." Од тогаш до денес, оваа цените од овој индекс се пораснати за 800 проценти.

Генерално овој индекс расте далеку побрзо отколку растот на цените на потрошувачките производи на двете страни на Атлантикот.

Па така, во последните 11 години цената на Бурбери мантил е зголемена за 5,6 пати од 122 на 1,190 евра, цената на чифт Лобутин чевли е скокната од 249 на 425 евра, а најекстремно е поскапувањето на Ролекс Јахтмастер од платина кој од 5.488 евра, скокна на 39.000 евра.

Во малку "поразумните" поскапувања влегуваат Хермес марами кои сега чинат 310 евра од почетните 229, Реј-Бан Wayfarers кои во 2000-та се продаваа за 90 евра, денес се 145 и парфемот Chanel No.5 кој од 67 евра, порасна на 106 (за 7 милилитри).

Едни од главните виновници за растот на цените се муштериите од Кина и Азија, чија побарувачка им дозволува на производителите континуирано да ги зголемуваат цените.

Освен ова аналитичарите објаснуваат дека во индустријата за луксузни производи, зголемувањето на цените е еден од најдобрите начини за "диференцирање на производот," и дека на тој начин го засилуваат "фетиш" аспектот на брендот.

Инаку, индексот на Форбс во предвид ја зема цената на 40 клучни производи и услуги, кои го сочинуваат животот на еден богаташ. Меѓу другите, на листата се: чевли John Lobb, Хермес чанти, килограм Севруга кавијар од Петросиан, шише Дом Перињон од 2002-ра, сесија со терапевт од Петата Авенија, фејслифтинг од познат пластичен хирург, влезници за двајца за Метрополитен Операта во Њујорк, Сикорски хеликоптер или Ролс-Ројс Фантом.

1 октомври 2012 - 11:57