
"Што има науката докажано?
Науката никогаш ништо не докажува. Науката е полна со примери каде работите кои мислевме дека се засекогаш етаблирани подоцна излегува дека не било така. Она што секогаш се случува кога ќе откриеш дека некоја необорлива теорија не била точна, откриваш и дека она што сега е вистина е уште поневеројатна теорија. Па кога излезе дека Њутн не е во право и (неговите теории) беа одменети со генералната теорија на релативитетот, ние не се вративме назад на теоријата на Кеплер или на геоцентрична теорија. Ние преминавме на нешто што е уште поневеројатно од теориите на Њутн.
Прогресот не е овозможен од тоа дали некој е во право или греши, туку како човек се справува со идеите. И не е важно колку е неточен. Бидејќи е возможен неограничен прогрес, ова значи дека нивото на нашето знаење во кој било временски период ја нема ни гребнато површината. [Како што кажа филозофот Карл Попер] 'Сите ние сме слични во нашата бескрајна игнорантност,'" објаснува Дојч.
Тој го објаснува филозофскиот принцип на фалибилизам, според кој - сите човечки напори (да се создаде знаење или нешто да се постигне) се подложни на грешки, и не постои гаранција дека проектот за создавање на нешто ново ќе успее. Од друга страна истиот овој принцип тврди дека "самата идеја дека може да направиме грешка имплицира дека постои и опција да бидеме во право - дека постои нешто што се нарекува вистина и дека ние некогаш може да ја најдеме вистината."
"Зошто е опасно да тврдиш дека имаш апсолутна вистина?
Треба да кажам дека оваа идеја дека можеме да дојдеме до одредена вистина, оправдана вистина, авторитарна вистина и така натаму, е многу стара и е проткаена низ филозофијата и поп-културата и се' веќе илјадници години. Ако само размислиш колку примери за непогрешивост имало низ минатото, вклучувајќи ги оние во науката, ќе видиш дека сите тие се изградени на песок. Тие не само што беа фактички грешни, туку доведоа и до тиранија - дали интелектуална тиранија или политичка тиранија. Карл Попер во една прилика рече 'Доктрината дека вистината е манифест, е коренот на секоја тиранија,' што прв пат кога го прочитав ми изгледаше како претерано тврдење. Ама сега со тек на време почнав да мислам дека е точно," одговара Дојч.