Во октомври минатата година во Лос Анџелес една торба за повеќекратна употреба заборавена во хотелска соба беше причината за ширење на заразата (вирус со дијареја и повраќање) меѓу 13 девојчиња од еден фудбалски тим.
Освен овој случај, истражувачите од Универзитетот Пенсилванија кои анализирале искористени торби за повеќекратна употреба (хартија, памук, ткаенина), откриле дека 51% од нив содржеле колиформ бактерии. Во основа проблемот не е во торбите во нивната оригинална форма, туку во навиките на нивните корисници.
Прво 75% од испитаниците изјавиле дека во истата торба пренесувале и месо и зеленчук (што придонесува до развивање на бактериите), а 97% одговориле дека никогаш не ја испрале својата торба.
Анализата на Универзитетот покажала и дека забраната за користење на најлонските кеси во Сан Франциско за 46% го зголемила бројот на смртни случаи од болести поврзани со храна.
Инаку едно британско истражување од пред неколку години откри дека сметајќи според релативниот трошок на најлонските кеси, памучните или платнените торби треба да бидат употребени 171 пат за да компензираат за загадувањето од нивното производство. Истото истражување покажа дека просечната памучна торба се користи само 51 пат.