Искуството е чисто американско, од централна Флорида, која како регион до сега троши по 31.000 долари годишно за секој бездомник. Под "троши" се подразбира парите за плати на полицајците кои треба да ги апсат, а потоа и транспортираат бездомниците до станица, плус на ова се трошоците за нивниот престој во затвор, посетата на Итна помош или долгорочната хоспитализација заради медицински и психијатриски проблеми.
Наспроти ова е опцијата да се потрошат 10.000 долари за сместување на секој бездомник и платата на неговиот надзорник, кој ќе се грижи за сите негови потреби.
Идејата за вдомување на бездомниците потекнува уште од времето на администрацијата на Буш. Спроведувањето на оваа програма во периодот од 2005-та до 2012-та го намалува бројот на бездомници во САД за 17%. Генералниот заклучок е дека ова се сериозни бројки "во период на лоша економска ситуација."