Сега паѓаат и статуи на активисти

Прво падна статуата на човек од 17 век обвинет дека имал робови. Па на негово место дојде статуа на БЛМ активистка. Сега пиедесталот во Бристол повторно е празен откако градскиот совет реши да ја отстрани диво поставената статуа на Јен Реид a уметникот да плати за тоа.

„Утринава ја отстранивме скулптурата. Таа е однесена во нашиот музеј каде што уметникот ќе може да ја подигне или да ја донира на нашата колекција, соопшти градскиот совет на Бристол.

Статуата на Јен Реид, активистка на БЛМ, беше поставена околу пет недели откако од тоа место беше срушена и потоа фрлена во вода статуата на Едвард Колстон (види: Черчил заврши како Чаушеску). Градот порачува дека авторот на новата статуа, Марк Квин, веројатно ќе треба да ги плати трошоците за нејзино дислоцирање и транспорт.

„Ние на различни начини поддржуваме секакви провокации но истовремено човек треба да е возрасен и да знае дека презема целосна одговорност за своите постапки,“ порача градоначалникот на Бристол Марвин Рис, најавувајќи дека за тоа кој лик конечно ќе запоседне на пиедесталот, решаваат луѓето на Бристол.

Уметникот вели дека не ни имал намера неговото дело трајно да остане таму, туку ете така, малку да постои во име на демократскиот процес.

Јен Реид позира пред нејзината кратковечна статуа:

 

16 јули 2020 - 18:54