Низ кинеската престолнина се инсталирани 34 вакви апарати, во кои локалците можат да ги остават своите пластични шишиња во замена за припејд кредит или карти за јавен превоз. Целиот процес е автоматизиран, па откако во апаратот ќе ги ставиш сите шишиња, на екранот треба да го внесеш твојот број на мобилен и автоматски ти се префрла кредитот.
Колку пари ќе добиеш (нормално) зависи од тоа колку шишиња ќе однесеш и (пресврт) од каков квалитет е пластиката на шишето. (Ова второво го одредуваат скенерите на машината, кои го идентификуваат материјалот од кои тие се направени.)
Ако не сакаш ни кредит, ни возење (на пример ако си турист), има опција само да ги оставиш шишињата.
Пекинг годишно рециклира 15.000 тони пластични шишиња.
Добар дел од машините се поставени во близина на туристички атракции, за да им бидат при рака на туристите.(Низ Пекинг годишно минуваат по 4,4 милиони странски туристи и 140 милиони домашни.)