
Научниците го следат влијанието на ГАСО (Great American Smokeout) настанот, што се одржува веќе 40 години како дел од борбата за откажување од цигари и е најдолготрајната кампања за свесност во САД.
Во студијата тие мерат 5 ставки на податоци:
- Број на повици на сос линии за откажување од тутун.
- Колку пати се посетени Википедија страници на темава.
- Колку пати на Гугл се пребарани теми поврзани со откажување.
- Колку пати е твитано на темата.
- Колку пати таа е спомната на секои 100.000 новински извештаи.
Ова се табелите од нивните резултати. Линиите во левата табела го обележуваат ГАСО и Нова година - кои се сметаат за два клучни дена во годината во кои луѓето решаваат да се откажат од пушење. Десната табела ги покрива истите ставки, само во деновите околу ГАСО.
Долната табела е процената за тоа колкав раст би имале овие 5 ставки на денот на ГАСО (третиот четврток во ноември), доколку ГАСО не се одржи.
Од табелите се гледа дека ГАСО има поголемо влијание на одредени ставки, меѓутоа истражувачите тврдат дека има неколку начини како да го направат настанот поефикасен:
"Бидејќи медиумските пораки треба да бидат темпирани да стигнат до публика која ќе ги чуе, една од препораки за опфаќање поголема публика е да се премести датумот на настанот. ГАСО моментално се слави близу сезоната на празници, кога е забележан најнизок процент на побарана помош.
Ако на ова ги додадеш неодамнешните откритија за сезонскиот и циркадијалниот шаблон на ритамот кај откажувањето, кои покажуваат дека најголем интерес за ова има зимно време посебно во понеделник, тогаш емпириски оправдан датум за одржување на ГАСО би бил последниот понеделник во февруари."
Треба да се има предвид дека ГАСО е вонреден пример бидејќи трае прилично долго и има огромна структура околу него.
"Плус, колку повеќе различни пораки се борат за нашето внимание, толку помалку ефикасна ќе биде секоја порака, а некои ќе бидат игнорирани од најразлични причини.
Сепак, и ова и претходното истражување на Ајерс го компликуваат едноставниот песимизам околу обидите за зголемување свесност. Понекогаш, излегува, дека зголемувањето свесност не е преценето. Или барем деновите на зголемување свесност не се преценети," пишува Џеси Сингал за Њујорк Магазин.