За време на една сеанса на скара готвењето со ќумур испушта 2,4 кубни метри јаглерод-двооксид во атмосферата. За да се заврши истата работа со скара на плин, во воздухот се испуштаат дупло помалку штетни гасови. Или, со плин се произведува ЦО2 исто колку и од возење мал автомобил на 13 километри. Кога ќе ставиш на ќумур, загадувањето е еднакво како автомобилот да минал 35 километри.
И покрај тоа што ќумурот за скара е супер-концентриран, негова мана е што тој троши огромни количини енергија (при што се ослободуваат подеднакво многу штетни гасови) пред да почнеш да готвиш (додека се распалува), и откако си завршил кога само тлее. За разлика од ова скарата на плин одма стартува и се гаси, ограничувајќи го испуштањето на ЦО2.
Единствена позитивна страна на ќумурот е што не е фосилно гориво, туку доаѓа од обновлив извор на енергија - дрвото.