
Во прашање е екстракт од коренот на цветот Dichroa febrifuga Lour (на кинески - chang shan). Активната состојка од овој цвет е алкалоидот febrifuginone, чија синтетичка замена во медицината е молекулот наречен - halofuginone.
Овој молекул го спречува производството на Th17 клетките, кои ги напаѓаат здравите клетки, што предизвикува воспаление кое доведува до треска.
Истражувањето објавено во журналот Nature, открило дека halofuginone работи на спречувањето на производството на протеинот што ги создава "лошите" Th17 клетки, а притоа не го спречува создавањето на "добрите" клетки.
Што се однесува до маларијата, halofuginone попречува во процесот на создавање на истите протеини кои им овозможуваат на паразитите од маларијата да живеат во крвта.
"Нашите нови резултатите ја решија мистеријата околу механизмот со чија помош луѓето уште пред повеќе од 2.000 години успевале да се справат со треската и маларијата," изјавува Пол Шимел, првиот човек на истражувањето спроведено од Истражувачкиот институт Скрипс во Калифорнија.