Најдолгиот пат

Нашиве 200 километри земја што ги минуваат имигрантите веројатно не се ни ставка на список на опасни работи што можат да им се случат по пат (ама и не дека сме некаква олеснителна околност во целото патешествие).

Најголемата драма во патувањето е моментот на стапнување во Европа. Без разлика дали е на италијанскиот или грчкиот брег, или во Мелилја, шпанскиот град на брегот на Северна Африка:

Откако си во Европа, патот ги носи релативно стандардните опасности, чија ризичност драматично се зголемува за оние кои имаат амбиција да стигнат во Британија. Тие треба да стигнат до Кале, од каде преку тунелот под Ла Манш, треба да излезат во Довер. Снимкава е од викендов:


Вајс од пред една година за мигрантските кампови во Кале:



Во врска со нашите 200 километри:

Кога моралот ќе го исправи правото

Да. Жителите на планетата земја сме багра непрокопсани шупаци (сите скупа без оглед на нација и народ), кои и по 3.000 години постоење (барем така викаат оние кои се прават дека знаат) не успеале да го заслужат воздухот кој го трошат. Кога после толку време на ангро познаваме и признаваме војни како институти, на сликата за развитокот на homo sapiens-от требало да нацртаат едноклеточна амеба како последен стадуим.

Како и да е, на тема мигранти и моментална состојба во Македонија мораме да покажеме пристојна емпатија и да им помогнеме на луѓето кои страдаат по нашите патишта. Можеби е и нормално да оние кои не виделе, не се информирани или не сретнале такви лица да не ја земаат моменталната голгота "здраво за готово".

Пред неколку месеци, кога ме депортираа од Грузија поради непоседување на виза (никој и не знаеше дека ни имаат воведено), до следниот лет за Скопје, ме оставија да поминам неколку часа во просторија на Инстанбулскиот аеродром, која беше полна со лица што бараат азил. Беа тоа луѓе на различни возрасти и земји, главно побегнати од воени подрачја од Африка и земји од Блискиот Исток.

Ги прашував заинтересирано за она што се случува. Беа тоа потресни приказни за тоа како го ризикуваат својот живот само да побегнат од онаа неизвесност, каде секојдневно гинат луѓе, вклучувајќи и нивни пријатели и членови на семејството. Имаше и малолетници кои плачејќи заспиваа додека постарите ги раскажуваа своите маки.

Маката и измешаните емоции беа она што ги оптоваруваше тие страдалнички очи, некои и по неколку недели затворени во таа иста просторија, во исчекување на документите за азил. Како и да не се. Од една страна успеале да побегнат и дојдат во ситуција да не се плашат за сопствениот живот додека пак знаеја дека нивните најблиски се сеуште онаму каде што не треба да бидат. Овде можеби се криеше и најголемиот неспокој. Да не смееш да бидеш онаму каде што отсекогаш си бил и кадешто треба да си. Дома.

Беше тоа едно бесценето но тажно искуство за мене. Појача морал, но остави слика од судбини коишто не заслужиле да така бидат напишани. Кај нас ситуацијата е бетер. Имаме можност да барем на кратко им вратиме насмевка на лице. Да почуствуваат дека некој некаде бил како што треба. Да направиме убави работи, да донираме она што е потребно.

Капата доле за оние кои се активни на терен и чија големина треба да ни биде за пример. Додека со законски измени да им го олесниме патувањето, донациите и помошта се она што е правично. Донираме!

П.С Превозот на мигранти е кривично дело, винимателно кого качувате и превезувате.

Јован Шоповски

 

15 јуни 2015 - 12:21