Модерна ги држи на око критичарите

Модерна ангажирала поранешен агент на ФБИ за да ги профилира и за потребата на компанијата да изготвува извештаи за „високоризични“ познати личности - вклучувајќи ги Новак Ѓоковиќ, Илон Маск и Расел Бренд. Зошто и во кој поглед се тие високоризични лица? Затоа што беа критични кон задолжителноста на ковид вакцините.

Фармацевтската компанија со седиште во Бостон, која пласираше една од првите мРНК вакцини против ковид и ги дистрибуираше во стотици милиони дози, решила и да вработи поранешни луѓе од законот за свој „оддел за дезинформации“ кој ќе ги следи реакциите околу вакцините. 

Еден нивен извештај бил насловен „Ѓоковиќ крунисан како антивакцинален херој по победата на УС Опен“ и бил посветен на случајот со светскиот тениски рекордер од Србија кому не му беше дозволено да игра во САД и Австралија заради одбивање да се боцка кога е здрав-прав и во неризична група за болеста.

Модерна беше особено чувстителна на оваа тема затоа што беше спонзор на Флешинг Медоу кога Ѓоковиќ триумфално се врати на турнирот.

Масск влезе во категоријата „високоризични“ кога на Твитер праша дали вакцините се баш „100 посто ефикасни“ а Расел Бренд често ја користеше својата подкаст платформа да потсети дека фармацевтските компании за време на пандемијата, секоја секунда правеле профит од 1.000 долари.

Одделот за „дезинформации“ на Модерна го води Ники Рутман, човек кој 20 години бил аналитичар во ФБИ, следат медиуми и платформи и класицфицираат личности од ниско до високоризични за бизнисот на компанијата.

Го користат и “Blue Silk”, софтвер темелен на вештачка интелигенција кој мониторира содржини поврзани со вакцините на околу 150 милиони веб страници.

29 ноември 2023 - 09:30