Во моментов во Англија луѓето можат да купат максимум две пакувања лекови кои содржат парацетамол, што е обично 16 таблети од 500 mg. Но, според предлозите на намалување на самоубиствата, продажбата на парацетамол може дополнително да биде ограничена.
Водејќи се од националната стратегија за превенција на самоубиства, Владата побарала од Регулаторната агенција за лекови да размисли за дополнително ограничување.
Со актуелните ограничувања забележано е намалување на оние кои користат лесно достапни лекови за да си ги одземат животите, но и покрај напредокот, секое петто самоубиство и натаму е резултат на труење со нив.
Предвидени се шреку 100 мерки и активности со кои се сака во следните 2,5 години сериозно да се намали бројот на самоубиства во земјата. Ургентните телефони на националното здравство добиваат 200.000 кризни повици и апели секој месец.
Од лекарите се бара воздржано да препишуваат антидепресиви а Кралскиот колеџ на лекари од општа пракса треба да ги ревидира своите упатства и препораки за препишување лекови.
Бесењето и гушењето е сè почесто користен метод за одземање на животот и 58% од самоубиствата на островот се извршуваат на тој начин.