Лидеро Балсамико

Хуго Чавез ќе го балсамираат за век и векови. Знаеме дека и Ленин е под истиот третман. Ама има уште петорица.

Владимир Илич Ленин, починат 21 јануари, 1924-та, трендсетер на оваа тема. Прв комунистички водач зачуван за вечноста, изложен во Лениновиот музеј на Црвениот плоштад. Во 2011 имаше иницијатива за негово отстранување од тоа место ама ништо од тоа. Слично како што Шешељ сакаше да го откопува Тито од Куќата на цвеќето.

Мао Це Тунг, 9. септември 1976, водач ем татко на Кинезите од 1949-та година. Иако му било желба да биде кремиран, по неговата смрт експресно се прави мавзолеј каде што Мао е во редовна поставка.

Ким Ил Сунг, 8. јули 1994-та, лидер на Северна Кореја од нејзиното осамостојување во 1948-ма година.  "Објавен" е во просторите на Кумсусан палатата, завиткан во националното знаме.

Ким Јонг Ил. 17 декември 2011-та, Го наследи татета, и сега се во истиот објект. Денис Родман ги виде и двајцата.

Хо Ши Мин, 2 септември 1969-та година, виетнамскиот комунистички лидер кој ја држи земјата од 1945-та година па до смртта. Под 24 часовна гарда, на плоштадот Ба Дин, во мавзолеј подигнат по урнек на оној на Ленин.

Фердинанд Маркос, 28 септември 1989 година, од 65-та до 86-та неприкосновен водач на Филипиините, умира во егзил на Хаваи. Моштите се враќаат дома во 93-та. Оние што го балсамирале Маркос, понудиле помош и за репарирање на Хуго Чавез.

Вон конкуренција: Папата Јован XXIII, 3 јуни 1963, Анџело Рончали е поглавар на римокатоличката црква од 1958-ма година и неговото тело е изложено во Базиликата Свети Петар. Беатифициран е во септември 2000. Практично, Ватикан открива дека телото на покојниот Папа е практично целосно зачувано кога првпат го отвораат ковчегот четири децении по неговата смрт.

Најстар - Тутанкамон

9 март 2013 - 12:57