Ли Харви Освалд, ЦИА и ЛСД

Обелоденети се нови детали за односот меѓу атентарот на Кенеди и ЦИА, особено додека тој служел на платформа на која Агенцијата експериментирала со психоделични дроги. Сепак, постои основано сомневање дека постои искрена желба оваа епизода од американската историја докрај да се расветли.

Администрацијата на Бајден декласифицираше нова трага за односите меѓу атентаторот на Кенеди и Централната разузнавачка агенција.

Особено скокотлива е неговата епизода како млад маринец во поморската база Атсуги во Јапонија во 1957 година.  Таа служела како лансирна платформа за шпионски летови на U-2 авиони над Советскиот Сојуз но исто така била центар на експерименти на ЦИА со психоделични дроги. Агенцијата практикувала да „појачува“ агенти кои биле одбирани за опасни мисии во странство. Некои хроничари сугерираат дека Ли Харви Освалд бил еден од младите маринци кои биле дел од програмата со ЛСД.

Улогата на ЦИА во атентатот на Кенеди останува една од најголемите мистерии на американската историја. Мнозинството Американци веруваат дека претседателот е убиен како дел од заговор поширок од Освалд, а приближно една третина веруваат дека ЦИА има замешано прсти во тоа.

Главната теорија го објаснува атентатот како одговор на отпуштањето од страна на Кенеди на првиот човек на ЦИА, Ален Далс, по неуспешната операција во Заливот на свињите за соборување на комунистичката влада на Фидел Кастро во Куба. Ако Далс организирал државен удар против Кенеди, немало да му биде првпат.

Постои меморандум од 1978 година во кој финансиски службеник на ЦИА го информира конгресниот панел кој се бавел со атентатот дека Агенцијата го има ангажирано Освалд додека бил на Атсуги.

Делови од животот на Освалд и натаму остануваат неразјаснети: како со само 203 долари во џеб престојувал во најскапите хотели во Финска, што точно правел две ипол години во Советскиот сојуз и сл.

Постои и сомневање дека декласифицирањето документи има искрена намера да се расветли атентатот на Кенеди. Експерт кој ја следи оваа тема вели дека администрацијата знае бомбастично да објави „отворање илјадници нови документи“ а во суштина се работи за документи кои и претходно биле познати, само со поинаку затемнети делови. 

Такер Карлсон од Фокс сакал на оваа тема да поразговара со добро упатен извор: Мајк Помпео, некогашен директор на ЦИА, кој му е и личен пријател. Помпео ретко одбива покани за интервју. На оваа тема одбил

2 јануари 2023 - 08:58